Проработи вулкан на Камчатка

Од:

Вулканот Шивелуч на полуостровот Камчатка повторно почна да исфрла пепел во висина од седум километри, соопшти денес рускиот геолошки завод, додавајќи дека нема опасност за населението.

Активноста на џиновскиот вулкан беше пропратена со земјотрес кој траел околу шест минути, пренесе „Итар-Тас“.

Столбот од пепел се движи во правец на југозапад, а населбите кои се наоѓаат на околу 150 километри од вулканот се покриени со слој од пепел. Локалното население е советувано да не излегува од куќите.

Експертите сметаат дека вулканот го достигна максимумот на својата активност, но дека исфрлањето на пепелта може да продолжи. Шивелуч со висина од 3283 метри се наоѓа на 450 километри североисточно од градот Петропавловск Камчатски.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски

Евакуирана Сината Лагуна, се очекува ерупција на вулкан на Исланд

А1он

Силен земјотрес го погоди најголемиот активен вулкан на светот

А1он

(ВИДЕО) Нова ерупција на вулкан на Исланд, по патиштата се излева лава

Горан Наумовски