Пропаднаа преговорите, Израел продолжува со нападите

Од:

Израелската авијација ги продолжи нападите врз појасот Газа откако пропаднаа преговорите со Хамас за прекин на огнот, кои беа водени со египтеско посредништво.

Израелскиот вицепремиер Моше Ајалон изјави дека антитерористичката операција во Газа ќе трае се додека „Хамас не почне да моли за милост“ и не ги прифати сите услови за примирје што ги бара Израел.

Неговиот шеф Бенјамин Нетанјаху предупреди дека мир не може да има се додека Хамас продолжува со ракетирање на израелската територија, а палестинските милитанти од своја страна бараат Израел да запре со убивањето на водачите на Хамас и да ја прекине блокадата на Газа.

Од почетокот на прекуграничните напади досега, загинаа најмалку 80 Палестинци додека над 600 се повредени. На израелската страна има тројца загинати неколку десетици повредени.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

ВИДЕО: Израел напаѓа бегалски кампови во Газа

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ