Пропадна референдумот во Берлин, не излегоа доволно гласачи

Од:

Референдумот за мерките за борба против климатските промени, што се одржа денеска во Берлин, пропадна бидејќи не излегоа доволно гласачи.

По преброените околу 98 отсто од гласовите, поддржувачите на предлогот само малку предничеа пред противниците за ваквата измена на законот, односно 423.000 гласаа за, а околу 405.000 беа против, се вели во соопштението на градската изборна управа.

Сепак, тој резултат исполни само еден услов за успешен предлог. Вториот услов, кворум од најмалку 25 отсто од сите граѓани со право на глас, не беше исполнет, објави АП.

За успешен референдум, за предлогот би биле потребни околу 608.000 гласови. На референдумот се одлучија за мерките со кои се бара Берлин да стане климатски неутрален до 2030 година, што би значело дека за помалку од осум години градот повеќе нема да смее да придонесува за глобалното затоплување.

Постојниот закон одредува рок за постигнување на оваа цел до 2045 година, што е и национална цел на Германија.

Групата од грасрут зад предлогот тврдеше дека сегашната цел на Берлин е неконзистентна со Парискиот климатски договор од 2015 година, кој има за цел да го ограничи глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови во споредба со прединдустрискиот просек.

Десничарската Христијанско-демократска унија, која победи на неодамнешните локални избори во главниот град и најверојатно ќе ја предводи својата нова влада, се спротивстави на претходната цел.

Би можело да ве интересира

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти

ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче

Захарова: Москва нема намера да ја нападне Германија

Мерц се обидува да добие поддршка од Зелените за измени на законот за ограничување на долгот

Мерц: Разговорите со Франција и Велика Британија за споделување нуклеарно оружје не како замена за заштитата на САД