Пронајдени скелети на 800 бебиња во септичка јама

Од:

Во масовна гробница која е откриена во ирскиот град Галвеј, се наоѓаат тела на 800 бебиња, пишува весникот „Ајриш мејл“.

Историчарката Кетрин Корлес, која што ги пронашла остатоците на бебињата, истакнала дека оваа гробница, поточно септичка јама, се наоѓа во близина на институцијата, позната како „Дом“, во која што претходно биле сместени трудни и неомажени жени.

Институцијата била основана во 1925 и со неа управувале чесни сестри од Католичката црква во Ирска, а е затворена во 1961 година. Во неа биле сместени сите девојки кои што останале трудни пред брак, што во тоа време била најголема грешка на светот, но и оние кои што не се омажиле до одреден број на години.

Од Католичката црква во Галвеј велат дека не знаат колку деца се закопани таму, но ќе дадат поддршка тоа место да се означи како гробница.

Како причини за смртта на 796 бебиња во извештаите се наведуваат туберкулозата, воспаление на белите дробови и други болести.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

ВИДЕО: Се смири хаосот во Даблин по нападот со нож во кој беа повредени три деца

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Јуриш на поклонети пари„: Се расипаа банкоматите во Ирска, луѓето грабаа по 1000 евра

Паника во Северна Ирска: Полицијата пронашла четири бомби пред посетата на Бајден