Полицијата на Шри Ланка открила 100 килограми експлозив во запленет камион, кој веќе 17 години се наоѓа на паркингот на една полициска станица во градот Коломбо.
Возилото било запленето во февруари 1996 година, за време на граѓанската војна во оваа земја, само две недели откако бомбаш-самоубиец влегол со камион полн со експлозив во зградата на Централната банка во Коломбо, при што загинаа 91 лице, а повредени биле 1.200 луѓе.
Откако камионот бил одземен, специјална единица за деактивирање на бомби во резервоарот за гориво пронашла шест кутии експлозив, но до новото откритие е дојдено дури вчера.