Пронајдена црната кутија од урнатиот авион на „Лајон ер“

Од:

Индонезиски нуркачи ја пронајдоа црната кутија од авионот на компанијата „Лајон ер“, што во октомври се урна во Јаванско Море.

Индонезискиот заменик министер за моранарица Ридван Џамалудин изјави дека на дното на морето пронајдени се и останките на некои од 189 патници кои настрадаа во несреќата.

Потрагата по црната кутија почна во петокот со користење на нови технологии.

Црните кутија е пронајдена осум метри под морското дно. Таа ќе биде предадена на Комитетот за безбедност на сообраќајот, тело задолжено за надзор на истрагата за падот на авионот.

Авионот „Боинг 737“ на компанијата „Лајон ер“ се урана на 29 октомври во Јаванско Море, неколку минути по полетувањето од Џакарта. Во несреќата нема преживеани лица.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници