Пронајдена божјата честичка?

Од:

Инспирирани од тероијата за Бог, т.е. за неговото постоење или непостоење, научниците од ЦЕРН објавија дека со сигурност од 99,9 %, конечно ја пронашле божјата честичка или „Higgsov bozon“ и во среда ќе ги презентираат своите резултати, објави „Маилонлајн“.

Истражувањето трае повеќе од 4 децении, а во среда на прес-конференција на која се поканети физичари од повеќе научни истражувачки центри ќе имаат прилика да ги видат резулататите.

Оваа информација веднаш предизвика полемики и озборувања, па се очекува оваа среда да се случи главниот пресврт од историска гледна точка.

Портпаролот на швајцарски ЦЕРН, Џејмс Гилис „ги смири страстите“ велејќи ова е многу возбудливо време за физичарите, бидејќи тие знаат дека ЦЕРН е на работ на докажувањето дали оваа честичка постои или не постои.

„Но, денес е премногу рано да ви најавам што тоа ние ќе објавиме во среда“, рече тој.

Главниот човек на ЦЕРН, Ролф – Дитер Хеуер, претходно соопшти дека ако научниците не ја пронајдат оваа честичка до крајот на 2012, ќе се констатира дека таа не постои.

Главните научни цели на овој проект е докажување на постоењето на „Higgsov bozon“ или теоретска честичка за која се верува дека го создала целокупниот универзум по Големата експлозија.

Физичарите веруваат дека пронаоѓањето на „Higgsov bozon“ може да објасни зошто објектите имаат маса. Без таа маса овие честички не можат да се поврзат и да формираат атоми што пак го сочинуваат секој дел од универзумот, од планетите до луѓето.

Дури и професорот Питер Хигс кој 48 години ја бараше и по кого го доби и името оваа честичка, ќе мора да чека до среда за да дознае што тоа научниците имаат откриено и колку 99, 9 % се блиски до вистината за непостоењето на Бог.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата