Пронајден влезот во подземниот свет?

Од:

За жителите на Месопотамија, подземниот свет бил океан на смртта сместен на самиот крај на светот, додека пак за старите грци и нивните неолитски предци, капиите на подземниот свет не биле толку далечни.

Во текот на оваа година, археолози од универзитетот Саленто соопштија дека пронашле еден таков премин во грчко-римскиот град Хиераполис, лоциран на територијата на југозападна Турција.

Тимот ја лоцирал пештерата од која излегуваат отровни гасови, а за која во антиката се верувало дека е влез во Хад. Позната како „Плутоновата капија“, според името на римскиот бог на подземјето, пештерата се наоѓа во близина на храм во кој бил пронајден олтар посветен на богот на подземниот свет и неговата сопруга Кора, односно Персефона.

Според студијата објавена во списанието „Археологија“ во пештерата Алепотрип во јужна Грција археолози недомна пронајдоа докази кои наведуваат на заклучокот дека старогрчкиот коцепт за подземјето, видлив во Хиераполис потекнува од добата на неолитот.

Влезот во пештерата во Хиераполис бил срушен пред околу 5.000 години и на тој начин биле сочувани доказите од периодот на неолитот, кога жителите доаѓале за тука да го погребаат мртвите.

-Јоргос мисли дека оваа локација е важна во однос на културното паметење на подземниот свет. Тоа би можело да биде изворот на фасцинираност на грците со подземниот свет – вели Галатај.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска