Пронајден мртов уште еден руски олигарх

Од:

Уште еден руски олигарх е пронајден мртов. Станува збор за Александар Суботин, кој викендов почина под мистериозни околности. Олигархот починал во куќата на шаман, барем според руските медиуми.

Суботин е поранешен извршен директор на руската нафтена компанија Лукоил и е последниот во низата руски олигарси кои починаа под сомнителни околности по руската инвазија на Украина.

Тој беше пронајден мртов во подрумот на куќата на шаманот во Митишчи, град североисточно од Москва, откако наводно доживеал срцев удар, јави руската новинска агенција ТАСС. Додаваат дека е отворена истрага за неговата смрт.

Милијардерот, како што изјавил изворот за ТАСС, отишол во куќата на шаманот во состојба на тешка интоксикација, откако се опил и консумирал дрога еден ден претходно. Неговото тело е откриено во подрумска просторија која наводно се користела за „јамајкански вуду ритуали“, пренесуваат руските медиуми.

Локалните медиуми пишуваат дека Суботин отишол кај шаман во потрага по лек за мамурлак, во кој наводно имало отров од жаба. Следното утро тој бил пронајден мртов од шаманите Магуа Флорес (вистинско име Алексеј Пинџурин) и Тина Кордоба (вистинско име Кристина Теихриб), се наведува во локалните извештаи кои се однесуваат на верзијата за настаните за која се залагаат руските власти.

Парот наводно ги лекува клиентите со тоа што повикува духови и жртвува животни.

Сепак, за сите овие наводи нема потврда од полицијата, а од понеделник попладне остануваат непознати другите детали за тоа што ја предизвикало неговата смрт. Брачниот пар шамани им кажале на државните инспектори дека Суботин им е пријател и негирале дека го подложиле на шамански ритуали за пари.

Руските власти покренаа кривична истрага за смртта на Суботин додека се обидуваат да ја утврдат нејзината причина, пренесува ТАСС. Инспекторите ќе истражат и дали имало дрога во неговата крв кога починал, пишува Newsweek.

Неговата смрт доаѓа само неколку месеци откако Лукоил повика на брз прекин на војната меѓу Русија и Украина. Лукоил е втората по големина руска нафтена компанија.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски