Полски археолози од Центарот за археологија открија мавзолеј изработен од злато и мермер кој би можел да биде на Александар Македонски.
Локалитетот се наоѓа во близина на Александрија, објави „World news daily report“.
Според информацијата, мавзолејот најверојатно бил скриен и запечатен во 3 или 4 век н.е. за да биде заштитен од христијанската репресија и деструкција на паганските споменици, по официјалната смена на религиите во Римското царство.
Натписите се генерално на старогрчки, но има неколку со египетски хиероглифи, кои спомнуваат дека мавзолејот е посветен на „Кралот на кралевите, Освојувачот на светот Александар III“.
Мавзолејот содржи остатоци од фрагментиран саркофаг изработен од кристално стакло, 37 оштетени коски и фрагменти од керамика кои потекнуваат од Птоломејскиот и Римскиот период. Серија од тестови вклучувајќи и С-14 анализа ќе утврдат дали коските се оние на овој голем војсководач.
Египетскиот Врховен совет за антиквитети веќе официјално има признаено повеќе од 140 неуспешни обиди да се пронајде гробот на Александар.