Производителите на возила ја гледаат 2040 година како краен датум за возилата што загадуваат

Од:

Земјите и производителите на возила денеска, во рамки на КОП26, се согласија да ја прекинат продажбата на возила со мотори со внатрешно согорување до 2040 година според COP26, но четирите најголеми светски производители не презедоа таква обврска.

Во соопштението од домаќинот на Конференцијата за климата во Велика Британија се ветува дека потписниците ќе се стремат да продаваат само нови автомобили со нулта емисија од 2040 година и „најдоцна до 2035 година на водечките пазари“.

Тие рекоа дека ќе ги поддржат владите во нивното барање „да ги направат возилата со нулта емисија достапни, со прифатливи цени и одржливи во сите региони до 2030 година“.

Но, водечките светски производители на возила – Кина, САД, Јапонија и Германија – не се потпишаа на договорот.

Водечките производители на автомобили Тојота, Фолксваген и Рено-Нисан-Мицибуши, исто така, не се вклучени на листата. Меѓутоа, Форд, Мерцедес-Бенц, Џенерал Моторс и Волво карс – сите се обврзаа на постепено укинување на автомобилите со мотори со внатрешно согорување.

Патниот транспорт најмногу придонесува за емисиите од сообраќајот, кои сочинуваат околу 20 отсто од целокупното јаглеродно загадување предизвикано од човекот.

Во друго ветување, денеска Велика Британија соопшти дека ќе престане да продава нови дизел камиони некаде помеѓу 2035 и 2040 година.

„Денешниот ден претставува многу горд момент во историјата, бидејќи владите ширум светот се обединуваат за 100 отсто поддршка за продажба на автомобили, комбиња и камиони со нулта емисија до 2040 година“, рече британскиот министер за транспорт Грант Шапс.

Сепак, еколошките здруженија истакнаа дека обврските не ги опфаќаат главните производители на автомобили со мотори со внатрешно согорување.

Мартин Кајзер, извршен директор на Гринпис, Германија, рече дека е „сериозно вознемирувачко“ што големите земји и производители не се приклучиле на обврската.

– За да ја запреме употребата на нови фосилни горива, треба да ја прекинеме зависноста. Тоа значи веднаш да се префрлиме од мотори со внатрешно согорување на електрични возила и да создадеме еколошки мрежи за јавен транспорт, рече тој.

Тојота ја бранеше својата одлука да не ја потпише обврската, велејќи дека нејзиниот глобален деловен модел ќе ја направи обврската „тешка“.

Би можело да ве интересира

Посебен режим за камиони, засилени контроли во сообраќајот, вонредни инспекции кај потенцијалните загадувачи – мерки за намалување на загадувањето

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух

Кој е најголем добитник од рудниците: Државата, локалните жители или инвеститорите

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Врховен утврди начелен став дека државата е должна да обезбеди здрава животна средина, непреземањето дејствија е повреда на правата на граѓаните

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза