Холандскиот производител на Сим картички „Гемалто“ денеска соопшти дека верува оти американски и британски кибер-шпионски агенции, извршиле хакерски упад во компјутерскиот систем на компанијата.
„Гемалто“ меѓутоа ги отфрли како неточни тврдењата што се појавија дека милијарди картички за мобилни телефони може да бидат украдени како последица на шпионскиот упад.
Оваа компанија оперира во 85 земји во светот, а нејзини клиенти се повеќе од 400 провајдери низ целиот свет, меѓу кои и АТ&Т, „Веризон“, „Спринт“ и „Т-Мобиле“.
Главни осомничени за упадот во „Гемалто“ се американската Национална агенција за безбедност (НСА) и британскиот Главен прислушен центар, но и двете разузнавачки агенции одбиваат да ги коментираат обвинувањата упатени на нивна сметка.
Минатата недела беше објавено дека американски и британски разузнавачки агенции, кои ги надгледуваат комуникациите, располгаат со потенцијална можност тајно ги следат комуникациите на луѓето преку мобилните телефони и податоците и пораките што меѓусебно си ги разменуваат, затоа што извршиле хакерски упад во компјутерскиот систем на „Гемалто“.
Ваквото тврдење беше засновано врз документите што од американаката НСА ги украде нејзниниот поранешен соработник Едвард Сноуден, пред да побегне од САД и преку Хонг Конг да се префрли во Русија, каде доби политички азил.