Прогласена вонредна состојба во Калифорнија: Има загинати, стотици илјади домови без струја

Од:

Американскиот претседател Џозеф Бајден одобри прогласување вонредна состојба во Калифорнија по невремето во кое загинаа најмалку 12 лица во изминатите 10 дена.

Стотици илјади домови и деловни објекти останаа без струја.

Декларацијата за вонредна состојба ја овластува Федералната агенција за управување со вонредни состојби да ги координира напорите за помош при катастрофи и да ги мобилизира ресурсите за итни случаи, соопшти Белата куќа.

Силната тихоокеанска бура во последните денови, придружена со обилни врнежи од дожд и снег, предизвика поплави и лизгање на земјиштето низ Калифорнија, а во Санта Крус се подигна огромен бран кој уништи пристаниште, пренесе Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски

Бајден се закани, Нетанјаху дозволи кордори за влез на помош во Газа