Прогалсена вонредна состојба во Чешка поради поплавите

Од:

Чешката Влада од синоќа прогласи вонредна состојба во целата земја, со исклучок на Пардубицкиот регион, поради поплавите кои однесоа два живота, а четири лица се сметаат за исчезнати.

Прогласувањето вонредна состојба е со цел овозможување „ефикасно спроведување на конкретна спасувачка акција и отстранување на штетите од поплави“, изјави чешкиот премиер Нечас.

Владата на Чешка одобрила 12 милиони евра за општините на кои им се потребни средства за решавање на итни ситуации во врска со надојдената вода, а ангажирани се и 300 војници како и 2 000 други припадници на Армијата за отстранување на штетите од поплавите.

Трет степен, односно најголема опасност од поплавите е прогласена на 50 места, а десетина патишта и железнички линии се во прекин.

Од изутринава не сообраќа метрото во центарот на Прага, а автомобилскиот сообраќај и јавниот транспорт е ограничен ,а училиштата и градинките се затворени.

Поради високото ниво на реката Влтава затворен е и Карловиот мост, една од најголемите туристички знаменитости.

Низ центарот на Прага Влтава достигна 2.000 кубни метри вода во секунда, а метеоролозите предвидуваат денеска состојбата да кулминира на 3 000 кубни метри во секунда.

Во 2002 година, кога главниот град го зафати голема поплава кога надојде т.н „петстогодишна вода“, течеа 4 700 кубни метри вода во секунда.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски