Професор убиен со мачета во училиште во Прага

Од:

Чешки професор е убиен денеска со мачета во средно училиште во Прага, а напаѓачот, кој побегнал од местото на злосторството, е уапсен, соопшти полицијата.

Директорот на училиштето изјавил, според пишувањата на медиумите, дека напаѓачот бил ученик од истото училиште.

„Ученик околу пладне со мачета нападнал професор. За жал, професорот починал од повредите на местото на несреќата“, соопшти полицијата на Твитер. Напаѓачот ја оставил мачетата на местото на злосторството и побегнал.

Во потрагата по осомничениот биле вклучени стотина полицајци и хеликоптер.

„Полицијата го уапси осомничениот“, изјави подоцна министерот за внатрешни работи Вит Ракушан.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во судар на патнички возови во Прага

Горан Наумовски

Полицијата дежура пред куќата на убиецот од Прага

Убиецот од Прага оставил проштално писмо во кое признал дека убил татко и двомесечно бебе

Горан Наумовски

Ден на жалост во Чешка

Во Прага: Полицијата уапси маж под сомнение дека носел бомба

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Чешката полиција со детали за масакрот: Објавена и снимка од потерата по убиецот