Продолжуваат протестите во Хонг Конг, Лам не поднесува оставка

Од:

Лидерката на Конг Конг Кери Лам изјави денеска дека нема да поднесе оставка поради антивладините протести и денешн иот генерален штрајк.

– Хонг Конг е на работ на многу опасна ситуација, предупреди Лам, тврдејќи дека сегашните протести се водени од прикриени мотиви кои се закана за просперитетот и безбедноста на тој град.

– Не верувам дека во овој момент моја или оставка на некој од моите колеги би ја подобрила ситуацијата, посочи Лем, додавајќи дека како шефица на извршната власт презела одговорност за проблемите и оти е одлучна да ја реши ситуацијата во Хонг Конг, специјалниот административен регион на Кина,

Во текот на викендот повторно се одржани протести кои доведоа до судири на демонстрантите со полицијата. Демонстрантите утрово блокираа возови и ги повикаа работниците на генерален штрајк, поради што отежнато се одвива сообраќајот во градот, а откажани се и стотина летови од аеродромите во Хонг Конг.
На денешниот протест полицијата истрела солзавец, со цел да ги спречи демонстрантите кои ја опколија полициската зграда. Полицијата успеа демонстрантите да ги задржа во седум дистрикти, но веднаш почнаа нови протести во други области на градот.

Демонстрациите кои започнаа пред два месеци поради законот за екстрадиција, кој во меѓувреме беше суспендиран, прераснаа во барања за оставка на првиот човек на Хонг Конг, Кери Лам но и барања за поголема демократија. Протестите, кои започнаа по предлогот со кој се дозволува осомничени злосторници од Хонг Конг да бидат екстрадирани за судење во Кина, претставуваат најголем предизвик со кој се соочуваат кинеските власти од 1997 година , кога Велика Британија го предаде Хонг Конг под кинеска контрола.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Дваесетина уапсени на антивладините протести во Тел Авив

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

(ВИДЕО) Немири во Индија поради уривање на џамија, четворица мртви