Десетици летови беа откажани откако вулканот Агунг на индонезискиот остров Бали повторно еруптираше што создаде столб чад висок 3.000 метри.
Облакот чад се движи кон југоисток, во правец на островот Ломбок.
Ерупциите на вулканот започнаа вчера и не престануваат. На 22 септември започна серијата ерупции, по што 130 илјади жители беа евакуирани, а околу 100 илјади од нив се вратија во своите домови.