Продолжува трендот на раст на акциите на Волстрит

Од:

Вредноста на акциите на Волстрит се зголемија на отворањето на денешното тргување, продолжувајќи го нагорниот тренд од изминатите два дена, со оглед дека инвеститорите се надеваат на дополнителни стимулативни мерки од државата, откако беше објавено дека минатата недела 3,3 милиони Американци аплицирале за надомест за невработени, што укажува на катастрофалните економски ефекти на пандемијата на коронавирус.

Индустрискиот индекс Дау Џонс порасна за 267,83 поени, или за 1,26 проценти, на 21.468,38 поени откако ѕвончето огласи почетокок на работата на Њујоршката берза, јавуваат американските медиуми.

Индексот С&П 500 го започна денот на тргување со добивка од 25,73 поени или 1,04 проценти, на 2.501,29 поени, додека технолошкиот Насдак Композит зајакна на 77.91 поени или 1,06 проценти, на 7.462.21 поени на отворањето.

Би можело да ве интересира

На Волстрит спласна еуфоријата од успехот на Трамп

Катерина Ѓуровски

Рекорди на Волстрит по победата на Трамп

Пад на Волстрит поради Иран и Израел, пораснаа акциите на производителите на оружје

Волстрит драстично порасна

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Волстрит паѓа четврти ден по ред