На Волстрит спласна еуфоријата од успехот на Трамп

Од:

Вчера на Волстрит берзанските индекси останаа речиси непроменети бидејќи стивна еуфоријата околу изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, додека податоците за инфлацијата беа во согласност со очекувањата.

Dow Jones зајакна 0,11 отсто, на 43.958 поени, додека S&P 500 порасна за 0,02 отсто, на 5.985 поени. Индексот Nasdaq ослабе, пак, за 0,26 отсто, на 19.230 поени.

Вчера инвеститорите беа фокусирани на податоците за инфлацијата во САД во октомври. Потрошувачките цени се зајакнати за 0,2 отсто на месечно ниво, а на годишно ниво се зголемени за 2,6 отсто. Базичната стапка на инфлација, без цените на енергијата и храната, се зголеми за 0,3 отсто на месечно ниво.

Бидејќи овие податоци се во согласност со очекувањата на аналитичарите, тие не влијаеја значително на очекувањата во однос на каматните стапки на американската централна банка.

Пазарот проценува дека и ФЕД на состанокот во декември ќе ги намали каматните стапки, третпат оваа година, за 0,25 процентни поени. Но, тоа е веќе вградено во цените на акциите, како и во очекувањата за новото претседателство на Доналд Трамп.

Благодарение на очекувањата дека Трамп ќе ги намали даноците и ќе спроведе дерегулација во некои сектори, од минатиот вторник, кога Трамп победи на претседателските избори, S&P 500 скокна за речиси 4 проценти, а индексот Nasdaq скокна за речиси 5 проценти.

Но, тргувањето беше претпазливо во последниве денови бидејќи протекционизмот на Трамп може да предизвика трговски конфликти и да ја поттикне инфлацијата, што може да ги поттикне лидерите на ФЕД да го запрат циклусот на намалување на каматите.

Внимателно вчера се тргуваше и на европските берзи. Лондонски FTSE индекс зајакна за 0,06 отсто, на 8.939 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,16 отсто, на 19.003 поени, а париски CAC 0,14 отсто, на 7.216 поени.

Би можело да ве интересира

Трамп: Зеленски е подготвен за мир

ВИДЕО: Трамп го кажа условот за САД да останат во НАТО

Катерина Ѓуровски

Трамп: Зеленски сака крај на лудилото и преговори со Русија

Трамп го назначи Сакс за советник за вештачка интелигенција и криптовалути

ВИДЕО: Биткоинот првпат во историјата ја надмина границата од 100 000 долари

Мајка на единствената Британка која ја држи Хамас: Трамп ми дава надеж