Пад на Волстрит поради Иран и Израел, пораснаа акциите на производителите на оружје

Од:

На Вол Стрит, цените на акциите паднаа вчера, бидејќи инвеститорите претпазливи од ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток ги симнаа S&P 500 и Dow Jones од рекордно ниво.

Dow Jones загуби 0,41 отсто, на 42.156 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,93 отсто, на 5.708 поени, а Nasdaq загуби 1,53 отсто, на 17.910 поени.

Падот на индексот е последица на претпазливоста на инвеститорите поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.

Иран синоќа истрела низа балистички ракети кон Израел како одмазда за кампањата на Израел против сојузниците на Техеран Хезболах во Либан, а Израел соопшти дека ќе возврати на Иран.

Американскиот претседател Џо Бајден, од друга страна, и нареди на американската војска да му помогне на Израел да се одбрани од иранските напади и да ги собори ракетите насочени кон Израел.

„Доколку дојде до дополнителна ескалација на конфликтот, очекувам продолжување на слабоста на пазарот бидејќи едноставно не знаеме до каде може да оди. Ризикот е зголемен. Пазарот досега имаше добра година и инвеститорите стравуваат дека пазарот ќе зависи за тоа што ќе се случи во следните неколку недели“, објаснува Питер Туз, претседател на инвестицискиот совет на Чејс.

Во повеќето сектори цените на акциите вчера паднаа, но поради растот на нафтата значително порасна енергетскиот сектор. Така, цената на акцијата на Exxon Mobil скокна за 2,3 отсто.

Цените на акциите на производителите на оружје, како Нортроп Груман и Локхид Мартин, исто така пораснаа за повеќе од 3 отсто.

На повеќето европски берзи цените на акциите вчера паднаа. Додуша, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,48 отсто, на 8.276 поени, но франкфуртски DAX се лизна за 0,58 отсто, на 19.213 поени, а париски CAC 0,81 отсто, на 7.574 поени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ликвидиран командант на Хезболах, главниот играч во снабдувањето со оружје

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Комеморација на жртвите на фестивалот на кој нападна Хамас

Хезболах: Нема место за Израел во регионот

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Една година по нападот на 7 октомври: илјадници мртви, милиони раселени, Блискиот исток е пред општа војна

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток