Волстрит паѓа четврти ден по ред

Од:

На Волстрит денеска берзанскиот индекс S&P 500 падна четврти ден по ред бидејќи деловните резултати на компаниите не се импресивни и затоа што се појасно е дека американската централна банка нема да ги намали каматните стапки толку брзо како што се очекуваше.

Dow Jones загуби 0,12 отсто, на 37.753 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,58 отсто, на 5.022 поени, а индексот Nasdaq загуби 1,15 отсто, на 15.683 поени.

Индексот S&P 500 паѓа четири дена по ред, па трета недела по ред е во серија на губитници.

Во претходните пет месеци, најголемата светска берза силно порасна бидејќи инвеститорите очекуваа ФЕД агресивно да ги намали каматните стапки оваа година, почнувајќи од јуни.

Сепак, се појасно е дека американската централна банка нема да брза да ги намали каматните стапки бидејќи инфлацијата е сè уште висока, а потрошувачката и понатаму значително расте.

Вчера, претседателот на ФЕД, Џером Пауел, рече дека не е постигнат напредок во намалувањето на инфлацијата оваа година и дека монетарната политика може да остане рестриктивна подолг период. Поради ова, пазарот на пари сега проценува дека има само 16 отсто шанси за намалување на каматната стапка на ФЕД во јуни, а околу 46 отсто во јули.

Под притисок се и индексите поради послабите од очекуваните квартални деловни резултати на компаниите и банките.

„Пазарот се занимава со неколку работи – инфлацијата е повисока од очекуваната, така што каматните стапки би можеле да останат покачени подолго од проценетото. Покрај тоа, се зголемија и геополитичките тензии, особено на Блискиот Исток. Сето ова се изговори за трговците да повлечат дел од својот профит од пазарот, по навистина силен раст на цените на акциите за пет месеци“, вели Ентони Саглимбене, стратег во Ameriprise Financial.

И на европските берзи цените на акциите вчера пораснаа. Лондонски FTSE индекс зајакна за 0,35 отсто, на 7.847 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,02 отсто, на 17.770 поени, а париски CAC зајакна за 0,62 отсто, на 7.981 поени.

Би можело да ве интересира

Пад на Волстрит поради Иран и Израел, пораснаа акциите на производителите на оружје

Волстрит драстично порасна

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Волстрит во минус, пад на акциите на Apple и на Tesla

Катерина Ѓуровски

Волстрит падна од рекордно ниво

Волстрит падна поради зголемената инфлација во САД