Продолжува судскиот процес против Нетанјаху

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска се појави во судот во Ерусалим, каде против него продолжува судењето за корупција со воведни зборови и појавување на сведоци.

Пред судот имаше противници и привразници на Нетанјаху, а засилено е и полициското обезбедување. Противниците на Нетанјаху истакнаа и транспарент на кој пишува Министер за криминал.

Нетанјаху (71) е првиот премиер во историјата на Израел на кој му се суди. Тој е обвинет за примање мито, измама и нарушување на довербата во три одделни случаи.

Според обвинението Нетанјаху систематски прифаќал скапи подароци и се обидувал да го подобри медиумското покривање за себе во замена за услуги.

Тој последен пат се појави во Окружниот суд во Ерусалим во февруари, кога формално ги негираше сите обвиненија против него.

Главниот обвинител Лијат Бен-Ари денеска истакна дека Нетанјаху ги злоупотребил своите големи овластувања за лични цели и им давал бенефиции на медиумите, со цел да му помогнат во неговиот реизбор.

Нетанјаху го сослуша излагањето на обвинителот и потоа ја напушти судницата.
Меѓу другите обвиненија, Нетанјаху е осомничен за давање бенефиции на телекомуникациската компанија Безек.

Покренати се уште две истраги. Во едната Нетанјаху е обвинет за преговори со издавачот на критичкиот весник, „Једиот ахронот“, со цел медиумот попозитивно да известува за него, а за возрат да се ослабне антивладиниот „Израел хајом“.

Нетанјаху и неговата сопруга Сара, наводно, биле „постојано снабдувани“ со скапи пури и шампањ, како и други подароци во вредност од 192.000 американски долари од израелскиот филмски продуцент Арнон Милџан и австралискиот бизнисмен Џејмс Пакер, во периодот од октомври 2011 до декември 2016 година.
За возврат, Нетанјаху е осомничен, меѓу другото, и за интервенција во корист на ослободувањето од данок на Милчан и за посредување тој да добие американска виза.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци