Продолжува потрагата по поранешниот белгиски војник, член на екстремната десница, поради закана кон познат виролог

Од:

Белгиската полиција и натаму трага по поранешниот војник, член на екстремната десница, кој се заканува со напад врз научните експерти за Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел.

Властите објавија портрет од лицето по кое се трага. Станува збор за поранешен припадник на белгиската армија, Јурген Конингс, кој веќе подолго време е обележан од страна на разузнавачките служби како потенцијално опасен екстремен десничар.

Тој пред неколку дена директно му се закани на најпознатиот белгиски виролог, Марк Ван Ранст, кој учествува во кроењето на мерките за спречување на ширењето на Ковид-19. Пронајдено е возило со тешко оружје и експлозиви во северот на Белгија, но Конингс е се уште во бегство.

Премиерот на Белгија, Александер Де Кро, кажа дека е шокиран што припадник на екстремната десница бил во армијата на земјата и имал пристап до оружје.

Министерката за одбрана, Лидивин Дедондер, вети внатрешна истрага во армијата за да не се повтори ваков случај, но истражувањата и податоците покажуваат дека присуството на екстремната десница во војската одамна е загрижувачко.

Би можело да ве интересира

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

Пукотница во Андерлехт: Едно лице загина, друго е повредено

Горан Наумовски

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on