Продолжува потрагата по девојчето кое исчезна во реката Сава во Загреб

Од:

Во Загреб утрово продолжи потрагата по тригодишно девојче, чија мајка во полиција пријави дека со своето дете влегла во реката Сава, јавија хрватските медиуми.

Синоќа беа распоредени беспилотни летала, откако мајка со дете во рацете вчера попладне влезе во Сава и излезе без детето.

Потрагата била прекината околу 21 часот поради лошото време, но продолжила изутринава, пренесува Index.hr.

Водачот на нуркачката екипа на загребската Јавна противпожарна станица (ЈВС), Дражен Павлиќ синоќа изјави дека поради тешките временски услови и темнината, потрагата по тригодишното девојче е прекината.

Мајката на девојчето е во болница под полициски надзор. Загребската полиција интензивно го пребарува коритото на реката Сава во Загреб во потрага по дете чија мајка била спасена од реката, соопшти претходно загрепската полиција.

Полицијата соопшти дека мајката со детето во раце вчера околу 16 часот и 10 минути влегла во реката Сава во близина на мостот Јанкомир и дека излегла од реката без детето, по што и била укажана лекарска помош, пренесе Хина.

Би можело да ве интересира

Притворена е мајката која со тригодишната ќерка влезе во Сава, по детето се уште се трага

Горан Наумовски

Загреб: МВР потврди дека е уапсена мајката на детето кое се бара во Сава

Загреб: Прекината е потрагата по тригодишното девојче кое исчезна во Сава

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трагедија во Загреб: Мајка влегла во Сава со своето девојче

Горан Наумовски

Мајка со дете влегла во Сава, во тек е потрага по детето

Горан Наумовски

Српските специјалци го ликвидираа убиецот од Јагодина