Приврзаници на Харадинај го „окупираа“ судот во францускиот град Колмар

Од:

Приврзаници на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај го „окупираа“ судот во францускиот град Колмар, што денеска по третпат ќе го разгледува барањето на српските власти за неговата екстрадиција, за во Србија да му се суди за воени злосторства во 1998-1999 година, соопшти српскиот весник „Курир“.

Насобраните лица вееја албански знамиња во очекување на пристигнувањето на Харадинај во судот, давајќи му поддршка. Меѓу нив е и познатиот боксер Нури Сефери, попознат како „албанскиот Тајсон“.

Пред судот е забележено и засилено полициско присуство.

Поранешниот премиер на Косово и поранешен лидер на Армијата за ослободување на Косово беше уапсен во Франција на 4 јануари по меѓународна потерница, издадена од Србија. На 12 јануари тој беше ослободен условно, без право да ја напушта Франција, се додека ја чека одлуката на судот за барањето на Србија за екстрадиција.

На Харадинај му беше судено од страна на Меѓународниот трибунал во Хаг, што во 2012 година го ослободи од сите обвиненија. Белград го обвинува за случаи кои не биле предмет на процесот во Хаг.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано