Привремената влада во Бенгази поднесе оставка

Од:

Привремената влада во источна Либија вчера поднесе оставка по повеќедневните протести поради лошите услови за живот.

Премиерот Абдалах ал Тани оставлката на владата ја поднесе до претседавачат на Претставничкиот дом со седиште во Бенгази, Адили Салеху.

Парламентот и владата на Тани, која не е меѓународно признаена, сојузници се на командантот на самопрогласените Либиски арапски вооружени сили, генерал Халифа Хафтар, под чија контрола се источниот и јужниот дел на Либија.

Демонстрантите вчера го запалија седиштето на владата во Бенгази, при што беше предизвикана само материјална штета.

Мисијата за поддршка на Обединети нации во Либија (УНСМИЛ) соопшти дека во протестите загинале најмалку еден цивил, а повредени се три лица и повика да се спроведе истрага за наводната прекумерна употреба на сила против мирните демонстранти и да се ослободат од притвор учеснбиците на протестите.

Судирите во Либија почнаа во 2011 година, кога во граѓанската војна беше соборен долгогодишниот лидер Моамер Гадафи, кој подоцна беше убиен. Оттогаш две ривалски групи се борат за превласт.

Силите на генерал Хафтар во април 2019 година покренаа офанзива за заземање на Триполи, но меѓународно признатата Влада возврати.

Меѓународно признаената Влада на премиерот Фајез ал Сараџ, со седиште во Триполи контролира помал дел од територијата, додека седиштето на Хафтар е во Тобрук и тој контролира поголем дел од земјата, а има контрола и врз нафтените полиња.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски