Притворен осомничениот за праќање на отровните писма

Од:

Американското Федерално Истражно Биро (ФБИ), доцна синоќа соопшти дека е притворено лице осомничено за писмото со отровна материја адресирано до претседателот на САД, Барак Обама и други американски официјални лица.

Според информациите писмата ги испратил Пол Кевин Куртис од Мемфис во Тенесија.

Покрај писмото до претседателот Обама, другото било адресирано до сенаторот од Мисисипи, Роџер Викер но за среќа не биле врачени, бидејќи надлежните служби забележале дека пратките содржат сомнителни супстанции.

По прелиминарните анализи во ФБИ лаборатории, утврдено е дека двете писма имале иста содржина и гранули со силен отров рицин.

Покрај сенаторот Викер, неколку негови колеги пријавиле дека добиле сомнителна пошта, а две згради проради тоа беа затворени неколку часа.

Надлежните власи во САД не го соопштија мотивот поради кој осомничениот ги испратил писмата, но „Вашингтон пост“ повикувајќи се на извори од ФБИ, пишува дека Куртис од порано е познат како лице кое често им пишувало писма на американските официјални лица.

Според ФБИ нема никаква врска помеѓу отровните писма и бомбашкиот напад во Бостон.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас