Притисок врз Дејвид Камерон за блокирање на „даночните раеви“

Од:

Британската Влада на премиерот Дејвид Камерон е под силен притисок од опозицијата за донесување мерки со кои ќе се блокира можноста, богатите даночни обврзници да ги користат прекуморските територии и кралски колонии за намалување на нивните даночни сметки.

Притисокот за итни мерки, доаѓа по објавувањето на тајните податоци на адвокатската фирма „Мосак Фонсека“ од Панама за функционирањето на околу 300.000 приватни фирми преку кои нејзините клиенти можеле да перат пари, да ги заобиколуваат казните и да одбегнат плаќање даноци.

Во објавените податоци, наречени „Панамските документи“, покрај имињата на блиски роднини и соработници на 12 поранешни и актуелни политички лидери од целиот свет, политичари, бизнисмени и познати личности од светот на спортот и забавата, се наоѓа и името на починатиот татко на британскиот премиер.

Иан Камерон, кој почина во 2010 година, долги години работел како брокер и ја користел панамската фирма како „чадор“ за неговиот инвестециски фонд „Балтимор Холдингс“, преку кој ги советувал своите клиенти како да не плаѓаат данок во Велика Британија.

Неплаќањето данок е кривично дело, додека широко распростанетото даночно „избегнување“, што го користат многу познати личности од светот на забавата, музиката и филмот, како и спортисти, се смета за „морално погрешно“.

Британскиот премиер го искористи банкарскиот крах и финансиската криза од 2008 година, за од 2010 година да покрене кампања против Британците кои ги користат „даночните раеви“ низ светот за да ги избегнат своите даночните обврски, но опозициските лабуристи сега бараат конкретни мерки за да се спречи неплакањето данок.

Околу 115.000 фирми, од вкупно 300-те илјади, колку што се посочени во „Панамските документи“, делуваат во британските прекуморски територии и кралски колонии, што го зголемува притисокот врз Владата во Лондон да се справи со проблемот со даночните изигрувања.

Британските либералдемократи предлагаат Владата да ја преземе управата со прекуморскте територии, барем во делот на даноците и оданочувањата, но противниците на овој план, предупредуваат дека доколку тоа се случи, Велика Британија ќе се најде во ситуација на повторно колонизирање на овие територии на кои веќе им додели локална самоуправна власт.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он