Припадниците на ПКК од почетокот на 2013 година грабнале околу 700 малолетници

Од:

Членови на Курдската работничка партија (ПКК) грабнале и во своите кампови насила однеле околу 700 малолетници, главно од источните и југоисточните региони на Турција, пренесе агенцијата Анадолија.

Според информации на репортер на агенцијата, во последните години ПКК имала големи проблеми со човечкиот потенцијал и затоа лидерите на бунтовниците прибегнале кон насилно собирање малолетници. На тој начин, минатата година биле грабнати или со измама одведени околу 600 деца под 16 години, а од почетокот на оваа година уште околу 100.

Обидите на ПКК да киднапира колку што е можно повеќе деца на 23 април го привлекоа вниманието на јавноста кога недалеку од Дијарбекир, во југоисточна Турција, беше киднапирана група млади луѓе, кои се враќале од пикник.

Ајсел Бокчун, мајка на 15-годишниот Синан, успеала да си го врати својот син. Откако нејзината слика и приказна се појавиле во медиумите, нејзиниот син бил ослободен и вратен дома.

Успехот на оваа жена поттикнал и други семејства, кои веќе неколку дена протестираат пред општината во Дијарбекир, чекајќи го, како што велат, враќањето на нивните киднапирани или измамени деца.

Сепаратистите од ПКК децата ги привлекувале со приказната дека ќе го изучуваат курдски јазик или едноставно насила ги одвлекувале во планините на северен Ирак, каде ги обучуваат да се борат со огнено оружје, а потоа ги искористуваат во судирите со силите за безбедност.

Би можело да ве интересира

ПКК ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Анкара

Горан Наумовски

Шведска го екстрадираше во Турција Махмут Тат, осуден за членство на ПКК

Блинкен: За смртта на турските заложници во Ирак се одговорни „терористите на ПКК“

Жарко Настоски

Во Турција уапсени 418 лица поради поврзаност со ПКК

Ана Ололовска

Четворица загинати во судири меѓу турската армија и борци на ПКК

Ана Ололовска

Германија забрани две групи поради сомнеж за врски со ПКК

Ана Ололовска