Принцот Хари ќе добие 12,5 милиони евра

Од:

Британскиот принц Хари, на 15-ти септември ќе го прослави својот 30-ти роденден и официјално ќе ги наследи 12,5 милиони евра, кои што му ги остави неговата мајка, принцеза Дајана, пренесуваат агенциите.

Од тие пари помалдиот син на принцот Чарлс, ќе мора да исплати 40 проценти данок, односно нешто помалку доколку одлучи дел од таа сума да подари за хуманитарни цели.

Неговиот брат Вилијам, својот дел од наследството го доби пред две години.

dajana-d

Како што пренесе британскиот весник „Мирор“, извор близок до кралското семејство изјавил дека иако постојат големи разлики помеѓу обичните граѓани и синовите на Чарлс, кога е во прашање данокот тие потполно се рамноправни.

-Вилијам го плати данокот кога наполни 30 години и Хари така ќе постапи- наведе тој.

Инаку принцот моментално како капетан во армијата, на годишно ниво заработува околу 48.000 евра.

 

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он