Принц Вилијам: Во денешниот турбулентен свет Британија не може да стои настрана

Од:

Војводата од Кембриџ, принцот Вилијам изјави во Лондон дека Велика Британија не може да стои настрана во условите во кои егзистира денешниот свет.

– Во сегашните зголемено турблентни времиња, нашата (британска) способност за обдеинување во заедничка акција, со другите држави, станува неопходна работа, изјави принцот.

Вилијам, кој е втор во редот на претендентите за британскиот престол, зборуваше пред младите дипломати на доделувањето награди во британскиот Форин Офис.

Според лондонските медиуми, неговата изјава веднаш беше протолкувана како сигнал дека принцот го подржува останувањето на Велика Британија во ЕУ.

Претставник на кампањата „Со Британија посилна Европа„ изјави дека забелешката на Вилијам покажува дека „луѓе од разни профили стојат зад кампањата“.

Активистите на спротивната кампања, за излез на Велика Британија од ЕУ, ги отфрлија ваквите толкувања, нагласувајќи дека не треба да и се дава никакво значење на Унијата.

Портпаролот на војводата од Кембриџ ги отфрли како неточни интерпретациите на обраќањето на Вилијам во Министерството за ндворешни работи.

– Принцот не направи никаква интервенција во актуелната дебата околу ЕУ, изјави портпаролот.

Тој објасни дека станува збор само за еден „пригоден говор пред младите дипломати“, при што Вилијам само еднаш го употребил зборот Европа.

Британската кралица Елизабета и членовите на потесното кралско семејство немаат право да се мешаат во домашната и надворешната полорика на земјата, ниту да даваат јавни изјави за определни актуелни политички прашања.

Ваквата определба се наоѓа во британските закони, каде монархијата е сосема одделена од политиката.

Би можело да ве интересира

Избори во Велика Британија: Граѓаните одлучуваат кој ќе ја формира нова влада

Горан Наумовски

Утре се изборите во Велика Британија, некои конзервативци веќе го признаа поразот

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он