Принц Чарлс: Глобалното затоплување е виновно за војната во Сирија

Од:

Британскиот принц Чарлс изјави денеска дека глобалното затоплување би можело да биде една од главните причини за војната во Сирија.

– Постојат силни докази дека една од главните причини за овој хорор во Сирија, неверојатно но вистинито, може да биде сушата која траеше пет или шест години, изјави принцот во интервју за „Скај њуз“.

Тој додава дека поради сушата, голем број од луѓето морале да ја напуштат земјата.

– Некои од нас, уште пред дваесет години зборуваа дека ако не се позанимаваме со овој проблем, ќе дојде до уште пожешки конфликти поради недоволен број на ресурси, истакна Чарлс, кој на отворањето на самитит на ОН за климатски промени идната недела во Париз ќе одржи говор.

Принцот Чарлс додаде дека „постои реална шанса банката „мајка природа“ да банкротира“ како во 2008 година што банкротираа финансиските гиганти и предупредува дека ќе биде многу тешко да се постигне договор за намалување на емисиите на штетни гасови.

– Дали навистина треба да се соочиме со катастрофа и хаос за да сфатиме дека треба да преземеме конкретни мерки?, постави прашање 67-годишниот наследник на британската круна и остар заговорник за заштита на животната средина.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он