Пригожин не е во Белорусија, Лукашенко откри каде се наоѓа шефот на Вагнер

Од:

Белорускиот претседател Александар Лукашенко откри дека шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин не е во неговата земја.

Како што јави РИА, Лукашенко изјавил дека Пригожин сега е во Санкт Петербург.

„Што се однесува до Евгениј Пригожин, тој е во Санкт Петербург… Каде е утрово? Можеби отишол во Москва“, изјави белорускиот лидер.

Во исто време, Лукашенко истакна дека борците на Вагнер се во нивните кампови за закрепнување.

„Како што бев информиран утрово, борците на Вагнер се во нивните кампови. Во постојаните кампови, каде што беа по повлекувањето од фронтот за закрепнување“, рече Лукашенко.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ