Прибс: Заканата на Трамп дека може да се кандидира како независен е контрапродуктивна

Од:

Претседателот на американската Републиканска партија, Рајнс Прибс изјави дека Доланд Трамп самиот ќе си го отежне освојувањето на претседателската кандидатура на републиканците, со неговите закани дека ќе се кандидира како независен кандидат, доколку не се однесуваат чесно со него.

Во неколку ТВ интервјуа Прибс истакна дека кандидатите понекогаш даваат такви изјави со надеж дека ќе извршат притисок врз партијата, но додаде дека тоа не поминува.

– Таквите изјави имаат последици, предупреди претседателот на републиканците.

Трамп, кој понекогаш е во затегнати односи со Националниот комитет на Републиканската партија, уште еднаш се закани дека ќе се кандидира како независен, доколку не ја добие републиканската номинација.

Прибс напомена дека доколку некој од кандидатите обезбеди поддршка од 1.237 делегати пред Конвенцијата во Кливленд во јули, тој ќе ја освои номинацијата на партијата. Но, доколку никој не успее во тоа, делегатите ќе можат да гласаат за кого ќе сакаат.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас