Шестминаполицајци се повредени, од кои двајца потешко, при експлозија на бомба во округот Ван, источна Турција, јави турската приватна телевизија НТВ.
Бомбата била активирана во момент кога поминувало оклопно полициско возило на патот меѓу градовите Геваш и Ван од припадници на терористичката Курдска работничка партија (ПКК).
Турските безбедносни сили почнаа операција за апсење на терористите.