Претставникот на САД во антиџихадистичката коалиција поднесе оставка

Од:

Специјалниот пратеник на САД во меѓународната антиџихадистичка коалиција Брет Мекгурк поднесе оставка на функцијата, во знак на протест поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на силите на САД од Сирија.

Мекгурк со тоа стана втор американски висок претставник, кој поднесе оставка несогласувајќи се со одлуката на Трамп, по секретарот за одбрана Џејмс Матис.

Десттина дена пред објавувањето на одлуката на Трамп, Мекгурк изјави дека би било неумесно да се смета дека џихадистчката група Исламска држава (ИД) е поразена и дека не би било мудро американските војници да се повлечат од Сирија.

Токму тврдењето дека ИД е целосно поразена, беше главен аргумент на Трамп за повлекување на војниците од Сирија.

Во образложението на оставката, Мекгурк, кого на функцијата го именува претходниот американски претседател Барак Обама во 2015 година, наведува дека „екстремисите се уште не се поразени“ и дека „прераното повлекување на американските сили од Сирија ќе создаде услови за јакнење на ИД“.

Оставката на Мекгурк ќе стапи во сила на 31 декември. До именувањето на наследник на Мекгурк, функцијата специјален пратеник на САД во меѓународната коалиција ќе ја извршува неговиот сегашен заменик, генарелот Тери Вулф.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски