Претставничкиот дом на САД одобри санкции за заштита на автономијата на Хонг Конг

Од:

Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави едногласно го одобри текстот што предвидува автоматски санкции против кинеските власти кои не ги исполнуваат меѓународните обврски на Кина кон автономијата на Хонг Конг.
Бидејќи овој текст е нешто поразличен од оној што исто така беше едногласно одобрен на 25 јуни во Сенатот, тој повторно денеска попладне ќе биде испратен во Горниот дом на гласање. За да стапи на сила, мора да го потпише американскиот претседател Доналд Трамп.

Овој предлог-закон го поддржуваат и републиканците и демократите, во обид да се зголеми притисокот врз Пекинг по мерките донесени од американската Влада, откако Кина во вторникот донесе закон за национална безбедност во поранешната британска колонија.

По неполни 24 часа од стапувањето на сила на кинескиот закон за национална безбедност на Хонг Конг полицијата вчера пристапи кон првите апсења.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски