Претставен џиновски радио телескоп во Австралија

Од:

Телескопот АСКАП во дивината на западна Австралија има 36 антени со пречник од 12 метри. АСКАП е дел од светскиот проект на најголеми радио телескопи СКА, а цената на неговата изработка била 140 милиони австралиски долари.

Се наоѓа на 315 километри североисточно од Џералдтон, во западноавстралиската пустина.
АСКАП може да ја истражува вселената значително побрзо од постоечките телскопи, а антените му се чувствителни на слабата радијација од Млечниот пат, што ќе му овозможи истражување на далечните галаксии.

„Тој телескоп е многу моќен посматрачки инструмент за проучување на потеклото на галаксиите”, изјави за Би-Би-Си научникот Џон О’Саливан. АСКАП ќе дава мноштво на инфорации, а ќе се користи и за откривање на црните дупки.

„Ова е најсилен радио телескоп на светот, а неговите огромни способности далеку ги надминуваат сите што постојат во моментот”, изјави Крис Еванс, австралиски министер за наука за АБЦ радио.

Во проектот СКА, вреден 2,5 милијарди долари, покрај Австралија учествуваат и Јужна Африка и Нов Зеланд, кои ќе имаат уште поголеми капацитети. Проектот ќе користи шума од антени, распоредена на далечните терени, за да собираат радио сигнали од вселенските феномени кои не може да се детектираат со оптичките телескопи.

Ќе биде помоќен за 50 пати од сегашните радио телескопи и ќе ги истражува ѕвездите, црните дупки, темната енергија и трагите за потекло на вселената од пред 14 милијарди години.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча