Претседателскиот кандидат на опозицијата во Чиле се повлече од трката поради депресија

Од:

Кандидатот за претседател на главната опозициска сила во Чиле, Пабло Лонгеира се повлече од претседателската трка, поради депресија.

Конзервативецот Лонгеира, кој е поранешен министер за економијата, беше избрана за претседателски кандидат на десницата на прелимеинарното гласње во редовите на опозицискиот блок. Неговата здравствена состојба потоа се влоши, а лекарите, како што соопшти неговиот син Хуан Пабло Лонгеира, му дијагностицираа депресија.

Претходниот кандидат за претседател на десницата Лауренсе Голборн, се повлече од трката во април. Голборн, бизнисмен и поранешен министер за рударство, беше принуден да се повлече поради нерегуларности во работењето на неговата компанија и тврдењата дека имал непријавени офшор сметки.

Повлекувањето на Лонгеира му нанесе уште еден удар на веќе ослабениот десен блок пред претседателските избори на 17 ноември. Тоа може и да ги зголеми уште повеќе шансите на кандидат на левицата, поранешната претседателка Мишел Бачелет, да биде избрана на функцијата.

Би можело да ве интересира

Почина поранешниот претседател на Чиле, Себастијан Пињера

(ВИДЕО) Во пожарите во Чиле 99 мртви и над стотици исчезнати: „Овие бројки драстично ќе растат“

64 лица загинаа во шумски пожари во Чиле

Горан Наумовски

Најмалку 46 лица загинаа во шумските пожари во Чиле

Најмалку 10 лица исчезнаа во шумски пожари во Чиле, воведена е вонредна состојба

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Чиле