Претседателски избори во Туркменистан

Од:

Жителите на Туркменистан денеска избираат претседател. Гласањето се одвива во 2.578 избирачки места во земјата и во 39 дипломатски мисии во странство.

За функцијата претендираат деветмина кандидати, од кои тројца, првпат во историјата на современ Туркменистан, се предложени од политички партии.

Актуелниот претседател Гурбангули Бердимухамедов ја претставува Демократската партија и никој не се сомнева дека ќе биде реизбран.

Во првите два часа од отворањето на гласачките места излегле 25,5 проценти од регистрираните 3.223.455 граѓани со право на глас.

Изборите се набљудувани од претставници на Обединети нации, Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Шангајската организација за соработка, Организацијата за исламска соработка, од Кина, САД, Јапонија, Обединети Арапски Емирати, Турција, Иран, Индија и Авганистан.

Претседателските избори, во земјата богата со природен гас и петмилионско населени, организирани се по уставната реформа во септември, со кои претседателскиот мандат е продолжен од пет на седум години и беше укината возрасната граница на кандидатите.

Според аналитичарите измените се знак дека претседателот Бердимухамедов се подготвува доживотно да владее, слично на неговиот претходник Сапармурат Ниазов.

Во неодаменшнито извештај на „Хјуман рајтс воч“ Бердимухамедов го зачувал репресивниот карактер на режимот на неговиот претходник.

Согласно туркменистанските закони Централната изборна комисија треба да ги објави резултатите во рок од седум дена.

Би можело да ве интересира

Во Туркменистан се гради нов град: Чини 4,5 милијарди евра, ќе го носи името на лидерот

Пораст на физичкото насилство врз жените во Туркменистан

А1он

Синот на актуелниот претседател победи на претседателските избори во Туркменистан

Синот на претседателот на Туркменистан влегува во претседателската трка

Ана Ололовска

Задолжителна вакцинација за полнолетните граѓани во Туркменистан

Ана Ололовска

Во Туркменистан нема коронавирус – и натаму тврди претседателот, Гурбангули Бердимухамедов

Жарко Настоски