Претседателскиот кандидат Емануел Макрон забележува намалување на рејтингот меѓу гласачите, но се уште има јасно водство пред првиот круг од претседателските избори (27,5 отсто), пред Марин Ле Пен која напредува (20 отсто), додека Жан-Лук Меланшон (15 отсто) се одделува од останатите тројца кандидати, јавува дописникот на МИА.
Ова го покажува анкетата на Елабе објавена денеска, според која францускиот претседател во заминување загубил 3,5 поени од рејтингот, во споредба со претходната анкета спроведена минатата недела за БФМТВ, Ескспрес и СФР.
На втората позиција, кандидатката на РН Марин Ле Пен добива два рејтинг поени. Во триото што ги следи кандидатот на Народната унија Жан-Лук Меланшон напредува за еден поен, зголемувајќи ја разликата со Валери Пекрес (ЛР) и Ерик Земур (Реконкет!), и двајцата со 10 отсто рејтинг. Валери Пекрес загуби 1,5 поен, додека Ерик Земур половина поен.
На шестата позиција, кандидатот Јаник Жадо за една недела загуби половина поен, спаѓајќи на 4,5 отсто популарност меѓу гласачите, пред комунистичкиот кандидат Фабиен Русел, кој е стабилен на нивото од 3,5 отсто.
Николс Дипон-Ењан (Простум Франција) доби 1,5 поен, и сега има рејтинг од три отсто, а Жан Ласал еден поен, и исто така има рејтинг од три отсто. Социјалистката Ан Идалго е стабилна со 1,5 отсто, исто колку и Филип Поуту (НПА) кој добива 0,5 поени. Натали Арто (Работничка борба) е напоследно место со 0,5 отсто.
Извор: МИА