Претседателски избори во Чад

Од:

Во Чад денеска започна гласање на претседателските избори, на кои се очекува сегашниот 63-годишен претседател Идрис Деби да го освои петтиот манадта.

Од останатите 13 кандидати за негови главни ривали се сметаат 68-годишниот Салех Кебабо, лидер на партијата Национален сојуз за демократија и обновување, и 61-годишниот Жозеф Џимрангер Дандаџи, лидер на партијата Група за народни дејствија за стабилност и единство на републиката, која е формирана минатата година.

Доколку ниту еден од кандидатите не ги освои денеска потребните над 50 отсто од гласовите, ќе има втор круг на гласање на 9 мај.

Африканската унија има испратено мисија од 34 набљудувачи.

Пред изборите опозицијата организира масовни протести против петтиот мандат на Идрис Деби, кој дојде на власт во 1990 година на местото на Хисен Хабре. Во 2005 година беа укинати уставните ограничувања за бројот на мандатите на шефот на државата, што му помогна на Идрис Деби да остане на власт. Пред денешните избори тој вети дека доколку биде избран ќе го врати ограничувањето во Уставот за бројот на претседателските мандати. Негов главен аргумент е дека само неговата Влада може да ги спречи исламистичките групи во регионот, како што се Боко Харам и ограноците на Ал Каеда, кои организираа серија напади.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Луѓето се исплашени, чадот е страшен, можно е да е канцероген“: Гори депонијата Дрисла

A1on

Го убија претседателот на Чад, само еден ден откако беше избран

Жарко Настоски

Израел и Чад ги обновуваат односите по речиси 50 години

Ана Ололовска

Тилерсон најави хуманитарна помош од 530 милиони долари за африканските држави

Наум Локоски

Повеќе од 40 луѓе загинаа во самоубиствен напад во Чад

Ана Ололовска

Најмалку 11 загинати во две експлозии во Нџамена

Ана Ололовска