Претседателот на Шри Ланка вети дека ќе го искорени тероризмот пред изборите

Од:

Претседателот на Шри Ланка Матрипала Сирисена изјави дека безбедносните сили ќе го искоренат тероризмот и ќе воспостават стабилност пред претседателските избори кон крајот на годината.

Тој вети дека ќе бидат изведени пред лицето на правдата сите екстремисти поврзани со самоубиствените напади на хотели и цркви за време на католичкиот Велигден, во кои беа убиени над 250 лица.

– Изборите не можат да се одложуваат. Значи, до изборите ќе ја доведам земјата до стабилност и ќе го искоренам тероризмот, истакна тој.

Сирисена посочи дека веќе се идентификувани сите активни членови на групата и оти следен чекор е нивно апсење. Тој вели дека уште 25 до 30 „активни членови“ поврзани со бомбашките напади се на слобода и оти верува дека терористичката „Исламска држава“ стои зад нападите од 21 април.

Би можело да ве интересира

Милион и половина евра од ЕУ за хуманитарни цели во Шри Ланка

Ана Ололовска

Побегнатиот поранешен претседател на Шри Ланка, Раџапакса се врати во татковината

Ана Ололовска

Владата на Шри Ланка бара ограничување на ингеренциите на претседателот

А1он

Протест против владината репресија на Шри Ланка

Парламентот на Шри Ланка изгласа продолжување на вонредната состојба

Динеш Гунавардена денеска положи заклетва како премиер на Шри Ланка

Ана Ололовска