Претседателот на полскиот Сенат не доби виза за да присуствува на погребот на Немцов

Од:

Претседателот на полскиот Сенат, Богдан Борусевич денеска соопшти дека руските власти на му издале виза за влез во Русија, каде сакал да отпатува со цел да присуствува на утрешниот погреб на убиениот руски опозициски лидер Борис Немцов во Москва.

– Дознав дека руските власти нема да ми дозволат да присуствувам (на погребот), изјави Борусевич, додавајќи дека е изненаден од одлуката на Москва да не му издаде виза.

Како што јави ДПА, Борусевич додаде дека со присуството на погребот само сакал „да му изрази почит на Немцов и на сите Руси што размислуваат како него“.

Немцов беше убиен во петокот вечерта на еден мост во близината на Кремљ. Убиецот на Немцов се уште не е идентификуван и пронајден, што ги поттикна руските опозицски активисти да го обвинат претседателот на Русија, Владимир Путин дека „го наредил убиството или во најамла рака создал атмосфера на полиитчки омраза што довела до ова злосторство“.

Путин убиството на Немцов го нарече „провокација“, а портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска соопшти дека рускиот претседател нема да присуствува на погребот, туку дека ќе го испрати неговиот претставник во Парламентот, Гари Минх.

Претходно денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека убиството на Немцов не треба да се користи за прибирање политички поени.

– Секој обид за користење на грозоморното убиство на Борис Немцов за политичи цели претставува сквернавење, порача Лавров.

Би можело да ве интересира

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина

Лавров: Русија е подготвена да ги брани своите интереси на Арктикот

Одмаздољубива жена е виновникот за принудното слетување на патнички авион во Подгорица

Горан Наумовски