Претседателот на либискиот парламент го именуваше Ахмед Матик за нов премиер на земјата

Од:

Претседателот на либискиот парламент го именуваше со декрет бизнисменот Ахмед Матик за нов премиер на Либија, ден откако заменикот претседател на Парламентот го прогласи неговиот избор на функцијата за неважечки.

Несогласувањата во Парламентот уште еднаш ја истакнаа политичката збрка во Либија, каде Владата и Парламентот се неспособни да ја наметнат својата власт.

Парламентот по хаотично гласање вчера го избра Матик за нов премиер, но заменикот претседател на либискиот парламент Езедин ал Ауани изјави дека Матик не добил потребно мнозинство гласови за именување на функцијата и го прогласи изборот за неважечки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски