Претседателот на Колумбија ја прими Нобеловата награда за мир

Од:

На колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос денеска во Осло му е врачена Нобеловата награда за мир за 2016 година.

Наградата ја доби за својот придонес во постигнување на спогодбата со марксистички ориентираните бунтовници, со што заврши 52 години долгата граѓанска војна во земјата, која патем однесе повеќе од 200.000 животи, пренесуваат британските медиуми.

Сантос изјави дека наградата е „дар од небо“ и дека ја посветува на сите Колумбијци, а посебно на жртвите од долгогодишната граѓанска војна.

На Сантос му беше врачен златен медал, диплома и паричен дел од наградата во износ од осум милиони шедски круни (870.000 долари).

Нобеловиот комитет оцени дека Сантос бил придвижувачката сила за постигнување на спогодбата меѓу владата и припадниците на Револуционарните вооружени сили на Колумбија (ФАРК), пренесуваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Петро: Кокаинот е нелегален само затоа што доаѓа од Латинска Америка

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

10 лица загинаа во авионска несреќа во Колумбија

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он