Киргистанскиот претседател Соронбај Женбеков ја повика опозицијата да ги прекине протестите, додавајќи дека им наредил на безбедносните сили да не употребуваат огнено оружје.
Тој изрази подготвеност да ги поништи резултатите од спорните парламентарни избори.
Женбеков нагласи дека акциите на демонстрантите, кои ја заземале владината зграда и седиштето на безбедносните сили, претставуваат обид за илегално преземање на власта од страна на некои политички сили.
Демонстрантите ги оспоруваат резултатите од парламентарните избори во Киргистан, со кои доминираат сите партии блиски до шефот на државата.
По повеќечасовни судири со полицијата, тие упаднаа во зградите на Парламентот и на Владата и ги ослободиле од затвор поранешниот претседател Алмазбек Атамбајев и премиерот Сапар Исаков.
Киргистанското Министерство за здравство соопшти дека во судирите се повредени 590 луѓе, од кои 150 се хоспитализирани.
Приврзаниците на неколку партии, кои според прелиминарните изборни резултати не освоиле ниту еден мандат во Парламентот, се собраа синоќа на централниот плоштад во главниот град Бишкек, оценувајќи дека гласањето било лажирано.