Јужносуданскиот претседател Салва Кир ја потпиша денеска мировната спогодба за прекин на 20-месечниот конфликт со бунтовниците, откако изрази резерви во однос на договорот.
На церемонијата во главниот град Џуба присуствуваа претседателите на Кенија и Уганда, Ухуру Кенијата и Јовери Мусевени, како и премиерот на Етиопија Хајлемаријам Десален.
Сите тие помогнаа за успешно завршување на преговорите.
Бунтовничкиот лидер Риек Мачар ја потпиша спогодбата во главниот град на Етиопија, Адис Абеба, минатата недела.