Претседателот на Јужен Судан ја распушти Владата и го разреши заменик-претседателот

Од:

Претседателот на Јужен Судан Салва Кир ја распушти Владата, го разреши заменик-претседателот и го повлече неговиот главен преговарач во разговорите за намалување на тензиите со Судан.

Претседателот донесе указ со кој ги спроведе овие мерки, јави јужносуданската државна телевизија, која прецизираше дека министерствата ќе бидат раководени од замениците-министри.

Портпаролот на заменик-претседателот Риек Мачар, го потврди неговото разрешување од функцијата.

Оваа одлука следеше откако Јужен Судан претходно соопшти дека целосно ќе ја прекине работата на нафтената индустрија следната недела, пред истекувањето на крајниот рок, кој Судан го постави, наредувајќи им на компаниите на своја територија да не ја примаат јужносуданска нафта.

Јужносуданскиот министер за нафта Стивен Де Дау изјави вчера дека неговата земја го стопира производството на нафта пред август, кога истекуваше крајниот рок поставен од Картум, со цел да се избегнат штетите за јужносуданската нафтена индустрија поради нејзиното стопирање. Тој додаде дека работата на нафтениот сектор на Јужен Судан целосно ќе запре до 31 јули.

Ова ќе биде втор голем прекин на работата на секторот по мирното одделување на Судан и Јужен Судан во 2011 година.

Јужен Судан речиси сите буџетски средства ги добива од нафтата, но јужносуданското црно злато до пазарот може да стигне само преку суданските нафтоводи.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

Орце Костов

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска