Индонезискиот претседател Џоко Видодо денеска положи заклетва за втор петгодишен мандат за претседател на Индонезија.
Видодо (58) во предизборната кампања вети дека ќе ја намали бирократијата, ќе го поддржи економскиот раст во земјата и дека ќе поттикнува инвестиции.
– Ќе биде голем проблем доколку не успееме да создадеме доволно бизнис можности, рече Видодо во Парламентот по инаугурацијата.
Тој најави дека ќе достави два закона за замена на регулативите што го попречуваат создавањето работни места, особено за младите луѓе.